Аугментираната реалност применета во Производството

Индустријата се менува напоредно со технолошкиот развој, а со неа и производството.

Нашата примарна задача е да ве запознаеме како имплементацијата на АР технологијата во производството ќе ви помогне во производните линии, која е конкретната улога на АР во производствениот процес, и на крајот на денот – кои се придобивките од истата!

Постојат три главни начини на примена на АР во процесот на производство:

Дисплеи поставени на главата – за обука и работа без употреба на рацете;

Рачни дисплеи – АР апликациите обезбедуваат податоци во реално време;

Просторни дисплеи – проекција на виртуелни објекти во околината што помага во дизајнот.

Полека, но сигурно на пазарот се пробива и АР „паметната кацига“ која во себе комбинира заштита и функционалност. Со неа управува Intel процесор, има повеќе вградени камери (висока и ниска резолуција, инфраред) и дава можност за 4D проекција, термичка слика и далечинска поддршка. Употребата на овој уред е скоро бесконечна!

Главните предности на Аугментираната Реалност се:

Подобри повратни информации АР технологијата дава преглед и ги споредува дизајнираниот предмет со реализираниот производ и обезбедува визуелни и дигитални податоци со цел подобрување на дизајнот. Подобар преглед Повеќе нема потреба од изработка на повеќе прототипови односно макети на производи. Сега, со помош на АР, конструкторите добиваат неограничен увид со што автоматски се смалуваат трошоците за изработка. Детални модели 3D-моделите во комбинација со АР даваат можност да се добие јасна слика за идниот производ, без да се преклопуваат со програмскиот интерфејс и без да има потреба да се ограничувате од следење исклучиво на компјутерскиот екран.

Обука:

Изработката на нов производ или подобрување на стариот секогаш се базира на упатство за склопување. АР апликациите можат да се користат и за обука на новите работници, како и за да им помогнат на искусните вработени да се справат со новите инструкции, што како придобивка значи: – намалено време за обука на новите работници – подобрување на квалитетот на работата затоа што вработениот е опремен со сите потребни информации – спречување дефекти или фалични примероци

Внесете креативност!

Тука сме да ја изработиме вашата апликација!

xr.mk – brand of cubikus.com

Сподели:

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn