Аугментираната реалност во Е-трговијата
АР дефинитивно го менува начинот на кој вашите идни клиенти купуваат онлајн! Вие како компанија која се бави со е-трговија сигурно сте во тек со трендовите во овој сегмент и сте сè повеќе свесни што значи еволуцијата на мобилните уреди и зголемувањето на можностите на пазарот.
Заклучокот е еден – АР една од најбитните алатки и платформи во технолошкиот свет, која станува сè поинтересна и попривлечна за купувачите.
Погледнете како размислуваат денешните купувачи:
63% од клиентите се сигурни дека АР ќе го збогати нивното шопинг искуство.
35% велат дека тие веројатно би избрале да купат онлајн, доколку има можност практично да ги пробаат работите пред да ги купат.
22% веројатно помалку би ги посетувале традиционалните продавници за малопродажба, доколку АР биде достапна во онлајн продавниците.
Сите статистики, истражувања и прогнози укажуваат дека Аугментираната Реалност ви нуди различни можности, од користење на АР карактеристики за промоција на вашиот бизнис со е-трговија до зголемена продажба како сигурен ефект!
Искористете ги, контактирајте нè за да ја изработиме вашата АР апликација со која ќе придобиете огромна база на задоволни клиенти, инспирани за шопинг.
Како изгледа вашиот производ во различни варијанти?
Вашите клиенти ќе ја користат АР технологијата за да ги прегледаат сите варијанти на производите за кои се заинтересирани, како што се на пример разликите во бојата или стилот. Поширокиот избор како и понудата на повеќе опции им овозможува на клиентите да донесат вистински одлуки, а тоа го зголемува процентот на купени производи.
Истражете ги изгледот и карактеристиките
АР им овозможува на клиентите виртуелно искуство во продавницата, почнувајќи од вообичаен разговор со продавачи, до облекување облека или обувки. Исто така, секој корисник на АР може да види 3Д модели на специјален мебел од кој било агол, па дури и да го стави каде било во неговата куќа. Што значи дека на клиентот му го олеснувате изборот, а со тоа и го осигурувате моментот на продажба!
Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn