Светските брендови ги увидоа предностите од користењето на АР технологијата и ја аплицираа како нова алатка за што поуспешно да им се доближат на своите клиенти и купувачи. И вие како компанија која се занимава со производство на мебел може да го следите примерот на Ikea и да им овозможите на клиентите преку вашата АР апликација да го доживеат вашиот производ како веќе постоечки дел од нивните животи!
Замислете, вашите клиенти да имаат можност веднаш да го вклопат новиот кауч во просторот! Или да се обидат со различни комбинации за дневната соба? Вашата АР апликација ќе го подобри искуството при купувањето, со вистински ефект врз купувачите кои полесно носат одлуки за тоа што сакаат и што им е потребно, а за вас тоа значи успешна продажба.