Како функционира Аугментираната Реалност?
АР апликациите обично поврзуваат дигитална анимација со специјален „маркер“ или со помош на GPS во телефоните за да ја истакнат локацијата. Збогатување на реалноста се случува во реално време и во контекст на околината – односно, сведок сте на сето она што се случува, додека се случува.
Што значи тоа како придобивка за вас?
Збогатете ја реалноста со податоци и информации кои сакате да му ги презентирате на вашиот клиент за вашиот бизнис или производ, преку возбудливо виртуелно доживување кое е навистина уникатно!
Најважно од сè – напредната технологија значи инспирација за напредни идеи за маркетинг промоција која се памети, и која ќе ги привлече и освои вашите клиенти!
АР со маркери
Познато и како „препознавање слика“, преку скенирање печатен QR-код или специјални знаци. Уредот преку АР апликацијата ја пресметува позицијата и ориентацијата на маркерот и иницира дигитални анимации, така што одеднаш сликите од списанието се претвораат во 3D-модели и анимации. Ова е одлична можност да ја заскокоткате љубопитноста на вашиот иден клиент кој веднаш ќе сака да открие каква содржина се крие зад кодот!
Безмаркерна АР
Во овој случај, збогатената реалност е заснована на локација или позиција. АР апликацијата го користи GPS-от, компасот, жироскопот и акцелерометарот во телефонот на вашиот клиент за да обезбеди податоци засновани на моменталната локација. Овие податоци потоа одредуваат која содржина ќе ја добие вашиот клиент кога се наоѓа во таа одредена област. Што значи дека АР апликацијата ќе го насочи вашиот клиент кон вашето седиште или ќе го информира за достапноста на вашиот производ согласно моменталната локација. Уште еден начин како да сте постојано со вашиот клиент, каде и да е!
АР базирана на проекција
Во основа, проектирање синтетичка светлина на физички површини, а во некои случаи и интеракција со неа. Едноставно кажано, вие го презентирате вашиот производ пред клиентите кои без да трепнат уживаат во 3D-проекција и анимација во кои главната улога ја игра вашиот производ. Со ваква силна презентација која ги возбудува сетилата, половина од продажбата е веќе направена! Одлична можност да бидете иновативни и возбудливи за вашите потрошувачи! Затоа контактирајте нè уште денес, а ние ќе се погрижиме за сето останато.
АР базирана на суперпозиција
Во овој случај, Аугментираната Реалност го прикажува вашиот производ целосно или делумно зголемен! На тој начин ќе ги пласирате вашите производи во домовите на вашите клиенти. Или уште подобро, ќе го прикажете вашиот производ како веќе постоечки дел од животот на вашите клиенти!
Play Video
Сподели:
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn