Аугментираната реалност во Туризмот

Туристичкиот бизнис секогаш држи чекор со новите начини и технологии, а и имено – Аугментираната Реалност е прво применета токму во туризмот! Таа носи подобрување на искуствата на туристите, што понатаму ја прави туристичката понуда уште поатрактивна.

Туристичката индустрија главно зависи од четири фактори: сместување, транспорт, угостителство и туристички атракции – а Вашата АР апликација може да помогне и да го подобри секој од овие сектори!

Искористете ја вашата АР апликација за визуелна демонстрација на вашите соби заедно со детали за сместување, цени и сл., што е одличен начин да го изрекламирате вашиот хотел и да ги мотивирате гостите да го испробаат целосниот спектар на хотелски услуги. Гостите ќе можат од својата соба да дознат за сите ваши услуги кои ги нудите, користејќи го само мобилниот телефон или таблетот, посочувајќи кон одреден маркер или интерактивна мапа од која би ги дознале сите туристички атракции во близина.

Отворете спектар можности за вашиот туристички бизнис и понудете им на вашите гости незаборавно искуство. Контактирајте нè и ние ќе изработиме АР апликација која ќе го промовира и презентира вашиот бизнис како иновативен и отворен за сите потреби на вашите гости.

Внесете креативност!

Тука сме да ја изработиме вашата апликација!

xr.mk – brand of cubikus.com

Сподели:

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn