Аугментираната Реалност во образованието

Аугментираната Реалност веќе се користи во образованието, преку успешно поврзување на реалноста и дигиталната содржина, со што се отвораат повеќе опции за наставниците и учениците.

АР има потенцијал да ја промени локацијата и времето на студирање, но и да воведе нови и дополнителни начини и методи на учење. Способностите на технологијата за збогатување на реалноста може да ги направи часовите поконкретни и поинтерактивни, а информациите полесно прифатливи за студентите.

Доколку сте образовна институција, погледнете кои се бројните предности и инспирирајте се како да ги подобрите своите едукативни содржини преку АР апликацијата која ќе ја развиеме специјално за вас!

АР училница

Аугментираната содржина го привлекува вниманието на учениците и ги мотивира да учат. Додавањето дополнителни податоци (кратко био за одредена личност, забавни факти, историски податоци за некоја локација или настани, визуелни 3D-модели) им овозможува на учениците пошироко разбирање на темите. Учениците можат да скенираат одредени елементи од книгите и да добиваат совети за текст, аудио или видео од наставниците.

Лесно објаснување на апстрактни концепти

АР технологијата прикажува содржини како 3D-модели, со што се олеснува сфаќањето на апстрактната и тешка содржина. На пример, Политехничкиот институт Леирија во Португалија ја интегрира збогатената реалност во лекциите по математика што студентите го доживуваат како корисно, лесно и интересно.

Откријте и научете

Посетителите на музеите можат преку АР апликацијата да откријат историска содржина поврзана со одредени предмети и да добијат дополнителни информации додека уживаат во експонатите.

Моделирање предмети

АР апликациите нудат интеракција со 3D-модели што на пример за студентите по медицина е прецизен начин за изучување на човечката анатомија, збогатено со дополнителни поставувања за ротација, транспарентност, шема на бои, стилови и сл. Медицината е само една од многуте области каде овој метод може да има практична примена.

Обука

Мотивираните и ангажираните студенти подобро ќе го разберат предметот, а самото учење е полесно и поинтересно кога е со помош на АР апликација и виртуелна пракса - со зголемени упатства, дигитално моделирање и симулации.

Внесете креативност!

Тука сме да ја изработиме вашата апликација!

xr.mk – brand of cubikus.com

Сподели:

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn