Време е за следното



Добредојдовте во светот на Аугментираната Реалност!

Ние сме:

Врвна технологија во функција на вашиот бизнис!

Да ви ja доближиме Аугментираната Реалност (АР) и нејзините можности…

ШТО ЌЕ НАПРАВИМЕ ЗА ВАС?

Сето наше искуство и знаење за технологијата која веќе го менува светот ќе ги вложиме во создавањето на иновативен custom-made производ, уникатна апликација за вашиот бизнис модел и вашите специфични потреби, за да ви помогнеме да достигнете нови нивоа на презентација и продажба!

За вас и вашите клиенти, ова е сосема ново искуство и сосема нов начин како го претставувате и промовирате вашиот производ. Во зависност од тоа каков е вашиот бизнис, вашите клиенти ќе имаат можност:

  • Да се движат низ станот кој го продавате
  • Да се движат виртуелно низ целиот објект
  • Да бираат мебел
  • Да пробуваат парче накит
  • Да ја одберат својата хотелска соба
  • Да влезат во автомобилот кој го посакуваат…

ШТО ДОБИВААТ КЛИЕНТИТЕ?

Појасно разбирање на финалниот производ, преку добивање целосна слика и приказ за производот или услугата

Идеи и увид за тоа како производот ќе се вклопи во нивните секојдневни животи

Полесна комуникација со продажниот тим – инвестиција која која вреди многу повеќе од било кој маркетинг продукт!

Сигурно сте слушнале за AR / VR / MR. Секаде околу вас, на сите дигитални платформи ви се појавуваат реклами и видеа за оваа, сè уште апстрактна и егзотична технологија. Се прашувате, каква е функцијата на сите оние паметни очила и дисплеи и како „збогатената“ реалност влијае врз перцепцијата?

Можеме да заклучиме дека Аугментираната Реалност го дополнува физичкиот реален свет со слоеви дигитални информации и дава директен преглед на реалното опкружување преку додавање звуци, видеа и графика. Во превод, ја збогатува перцепцијата за реалноста со софистицирани компјутерски генерирани слики и анимации.

Второто нешто што ќе прашате, а воедно она што најмногу ве интересира е:

„Како можам оваа технологија да искористам за мојот бизнис и за профит?“

Вашите клиенти имаат уникатна можност, на возбудлив интерактивен начин не само да го запознаат, туку и да го доживеат вашиот продукт!

Тоа значи дека тие многу побрзо и поефикасно ќе добијат претстава за што се работи и тоа преку екранот на нивниот телефон, што значи дека и многу побрзо ќе го купат производот!

Вие ја внесувате најнапредната технологија во животите на вашите клиенти и тоа е нешто по кое ќе ве препознаваат. Затоа бидете револуционерни, бидете пионерите кои ќе изградат имиџ за својата компанија како иновативна и како компанија ориентирана кон што подобро корисничко искуство.

ШТО ДОБИВАТЕ ВИЕ?

Високотехнолошка алатка која има повеќе предности од досегашната маркетиншка стратегија!

Задоволни клиенти кои точно знаат што сакаат и каков производ добиваат!

Зголемување на ефикасноста, а со тоа и заштеда на време, финансиски средства и ресурси.

Побрза реализација односно зголемена продажба и сè поголема база на задоволни клиенти кои ќе ве препорачаат со задоволство!

 

Каде може да се примени АР?

  • Производство и продажба на мебел
  • Архитектура / недвижности
  • Продажба на накит
  • Угостителство / ресторани / сендвичари
  • Е-трговија
  • Туризам / податоци за дестинации, објекти за разгледување, навигација, насоки
  • Масовни медиуми – емитување и збогатено доживување при пренесувањето на настани во живо, стриминг со преклопување на вистинската содржина со елементи на АР
  • Индустриски дизајн: дизајнирање и моделирање, визуелизирање, пресметки

Внесете креативност!

Тука сме да ја изработиме вашата апликација!

xr.mk – brand of cubikus.com

Сподели:

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin