Аугментираната реалност во Продажбата на накит
Аугментираната реалност навлегува во различни области, а можеби најсилно во е-трговијата. Новата генерација на потрошувачи условува појава и примена на нови пристапи во продажбата што е од витално значење како одговор на навиките и потребите на купувачите. Ексклузивните светски брендови за накит како De Beers, Forevermark, Tacori и Boucheron веќе ја имплементираа оваа технологија во продажбата на накит и веќе ги користат придобивките од истата.
Зошто да ја користите Аугментираната Реалност во продажбата на накит?
Затоа што е одлична маркетиншка алатка – и за вас, и за вашите клиенти! Секоја рекламна кампања која користи АР значи несекојдневно искуство за клиентите, како и подобро запознавање на производот односно брендот. Каталозите со производи како стар начин на рекламирање, сега добиваат нова форма – каталози со АР маркери кои пред очите на вашите клиенти ги трансформираат вашите производи во анимирани 3D-модели, за да створат желба и потреба да се има производот.
Секоја рекламна кампања која користи АР значи несекојдневно искуство за клиентите, како и подобро запознавање на производот односно брендот. Каталозите со производи како стар начин на рекламирање, сега добиваат нова форма – каталози со АР маркери кои пред очите на вашите клиенти ги трансформираат вашите производи во анимирани 3D-модели, за да створат желба и потреба да се има производот.
Во продажбата на накит сè се сведува на изложување и презентација. Со АР можете да креирате виртуелни излози со вашите производи збогатени со дополнителни информации (цена, големина, тежина). Со само вперување на телефонот, одеднаш парчето накит е пред очите на вашиот купувач кој веќе посакува да го има.
Друга опција се интерактивните влезови / излози во продавниците кои го привлекуваат вниманието на луѓето.
Решението е АР апликација! Опцијата „Пробај пред да купиш“ е одлична опција за онлајн купување доколку е поврзана со АР апликација која дава можност клиентите да го сторат тоа практично дома или на кое било друго место.